Завршна приредба на дечињата од детската градинка ,,23 Август” во Берово

Со многу насмевки, веселост, разиграност и шаренило, денеска, децата од групите пред поаѓање на училиште, во  дворот на детската градинката ,,23 Август” , низ една прекрасна дружба,  кажаа збогум градинке.

На  завршната приредба, имавме можност да ги видиме дечињата среќни и разиграни како рецитираат, пеат, играат и се забавуваат, на еден прекрасен детски начин и воедно се поздравуваат со  еден од најубавите периоди во детскиот свет.

Дечињата ги поздрави Директорката на детската градинка, Невенка Таковска, посакувајќи им среќа и успех во натамошното учење и изразувајќи верба, дека како што биле умни во градинка, исто така ќе бидат успешни и во училишните клупи.

Подготвени во септември да седнат во училишните клупи и да бидат првачиња, пред преполниот двор родители, баби, дедовци, другарчиња, децата се пофалија со она што го научиле од тимот на воспитувачи во беровската градинка.

Многу успех понатаму, да прераснат во успешни и драгоцени личности, на идните првачиња им посакува и  Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.